Денеска 123 новозаболени од коронавирус, 87 случаи се во Скопје

Бројот на новозаболени од Ковид 19 денеска е 123, а само во Скопје се регистрирани 87 случаи, неофицијално дознава Нетпрес.

Вкупниот број на потврдени со КОВИД-19 од почетокот на епидемијата до вчера се искачи на 4157, а на починати е 193. Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство беа евидентирани 103 нови случаи со вирусот од 841 направено тестирање, а пет пациенти починаа. Активни има 2241 случај.

Ново жариште во изминатите пет дена стана Ресен со 19 дијагностицирани лица, а првите потекнуваат од семејна прослава.