Подгответе се за поголемо невреме: Атмосферата понестабилна од вчера, град на повеќе места

За денеска повторно се најавуваат поројни дождови, локално во форма на невреме со засилен ветер и град.Од Управата за хидрометеоролошки работи за Нетпрес велат дека денеска атмосферата е понестабилна од вчера. Што значи дека услови за град ќе има на повеќе места.

„И денеска во попладневните часови не очекува нестабилно време со услови за пороен дожд и грмежи и тоа на целата територија на државата.Наместа ќе има појава на невреме, а можно е да паѓа град на повеќе места. Случувањата во атмосферата денеска се понестабилни од вчера,“ велат од УХМР.

И во Скопје има услови за појава на невреме, со локален пороен дожд, грмежи и град.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.