Денеска центарот на Скопје затворен за сообраќај од 15 часот

Поради најавен протест денеска од 15 часот до завршувањето, во централното подрачје на град Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Скопје.

-Затворени за сообраќај од 15:00 часот до завршување на протестот, ќе бидат улиците: ул. „Кирил и Методиј”, бул.„Св.Климент Охридски”, ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„11-ти Октомври”, ул.„Македонија” и ул.„Даме Груев”, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин”, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, бул.„Партизански Одреди”, ул.„Павел Шатев”, ул.„Антон Попов” и други околни сообраќајници, наведуваат од МВР.

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Протестот е најавен и треба да почне во 17:00 часот пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски” и ќе продолжи по бул.„Св.Климент Охридски”, ул.„Димитрие Чуповски” до пред Собранието.