Денеска делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат одредени делови од Скопје. Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Саса – подулица бр.32, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 9:30 до 12:30 часот, корисниците од ул. Периша Савелиќ до бр.38, Тодор Александров од бр.71 до бр.79, Славејко Арсов од бр.132 до бр.146 и Салвадор Аљенде до бр.58 во Општина Центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.