Денеска дожд и пад на температурите

Во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и ќе се проследени со ретки грмежи. Врнежи ќе има и преку ноќта. Максималните температури ќе бидат за 5 степени пониски од денешните.

Од денеска па се до крајот на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни, на југ проследени и со ретки грмежи.

Утре врнежите ќе продолжат и преку ноќта, така што на повеќе места ќе наврнат над 20л/м2, особено во јужните и источните делови, а за време на викендот повторно се очекува поголемо количесто на наврнат воден талог.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.