Денеска е Ден на албанското знаме

Денеска се одбележува Денот на албанското знаме. Освен што албански знамиња ќе бидат истакнати во повеќе општини во земјава, политичката партија ДУИ најави дека напладне ќе ја одржи својата традиционална свечена академија во хотелот „Александар Палас“, пишува НоваТВ.

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука го честиташе на Фејсбук, пишувајќи дека градот станал црвено-црн.

„Честит 28 ноември, Денот на знамето, денот кој ги обединува сите Албанци каде и да се во едно тело. Нека славиме уште многу години од животот!“, напишал Дука.