Денеска е последниот работен ден на Иванов

Во недела официјално истекува мандатот на Ѓорѓе Иванов како претседател, а по инаугурацијата, таа титула ќе ја преземе Стево Пендаровски кој победи на вториот круг од изборите. Денеска е последниот работен ден на Иванов.

Инаугурацијата на Пендаровски за петти шеф на државата, најверојатно, ќе се одржи в недела со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна се планира во претседателската резиденција претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција.

Претходно, претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека седница на Собрание мора да има в недела затоа што е последен ден од мандатот на Иванов и не смее да се случи пауза.