Денеска е првиот палиндромски датум по 909 години

Денешниот датум 2-ри февруари 2020 година е палиндромски, односно исто се чита во двата правца, и уште е посебен затоа што е единствениот таков во овој век, објави во неделата CNN.

Денеска е 2-ри февруари 2020 година, односно 02.02.2020 и се чита подеднакво и во M/D/Y и во D/M/Y форматот. Посебноста беше уште поголема кога отчука 02:02:20 часот на денешниот ден.

Минатиот палиндромски датум е забележан на 11.11.1111 година, пред 909 години. Следниот ќе се случи по 101 година, на 12.12.2121 година и повторно ќе биде на 03.03.3030 година.

„Денеска е палиндромски ден во сите формати (британскиот, американскиот и ИСА). Денешниот датум е и палиндромски ден на годината, односно 33-от ден во 2020 година, а до крајот на годината останаа уште 333 денови. Навистина е единствен ден“, објави на Twtitter математичкиот оддел од школата Солихал.

Капелата Ројал Вединг во Лас Вегас ги ракламира венчавките на „значајниот“ датум, наведувајќи дека втората годишнина од бракот на сопружниците се паѓа на 02.02.2022 година. „Бројката 2 е највисокиот симбол за тебе и твојот сопруг“, стои во рекламата од капелата во Невада.

Палиндром е секој збор, фраза или низа бројки кои се читаат исто во двете насоки, од лево кон десно и од десно кон лево.

Џејмс Џојс го осмислил „таттарраттат“, што би требало да го имитира звукот од чукање на врата, и е најдолгиот палиндром кој се состои од еден збор во Оксфордскиот речник на англиски јазик“.

Некои од прочуените палиндроми се „rats live on no evil star“, „never odd or even“ и „a man, a plan, a canal, Panama“.

Изразот „ A toyota’s a toyota“, пак, може да се продолжи како вечен палиндром „A toyota’s a toyota’s a toyota…“.