Денеска ќе се поднесе обвинение за „Рекет“

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“.

Првоосомничен во случајот е Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За трговија со влијание се сомничи и Зоран Милески Кичеец, додека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во врска со овој случај синоќа беше одреден куќен притвор за потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ.

Обвинителката Вилма Русковска по исказот на Мандиќ рече дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес. Обвинителката посочи и дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осомничените за спогодба, не се поднесе официјално барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, синоќа посочи Русковска.