Денеска гласаат изнемоштените и осудените лица на изборите за градоначалник во Штип

Во Штип се одржуваат предвремени избори за градоначалник, откако Благој Бочварски стана министер за транспорт и врски. Денеска ќе гласаат изнемоштените граѓани со право на глас, како и осудените лица во петте казнено-поправни установи во земјава, под посебни Ковид протоколи.

Во текот на вчерашниот ден пак, во услови на пандемија гласаа 12 граѓани позитивни на корона вирусот кои се во изолација, а кои по електронски пат се пријавија за да си го остварат нивното право на глас. Тие вчера беа посетени од две медицински екипи, посебно опремени со медицинска заштитна опрема.

Инаку, утре на предвремените локални избори во Штип, гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот за сите останати граѓани. Вкупниот број на избирачи е 41.777. За да биде избран градоначалник, потребно е да има една третина излезеност од вкупниот број избирачи.

Во трката за градоначалник на штип има пет кандидати, а вниманието на јавноста е свртено кон долгогодишниот жител на Штип, родум од Африка, односно од Нигерија, Симеон Поликарп Џими од конзервативната партијата „Интегра“.