Денеска и сонце и малку облаци, температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево, а попладне облачно, температурата ќе се движи до 35 степен.
Попладне претежно во крајните планински региони ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а максималната температура од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.

Во недела и во понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.