Денеска коалицијата „За обнована Македонија“ во Скопје, а „Можеме“ во Гази Баба и Теарце

32

Лидерите на партиите и носителите на листите на кандидати за пратеници и денеска ќе остватат средби со граѓаните и ќе го побараат нивниот глас.

Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска ќе биде во Гази Баба  и Теарце .

 Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:коалицијата „Обнова на Македонија“денеска се во Скопје.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети скопските општини Шуто Оризари, Сопиште Бутел и Карпош.

– носителката на кандидатската листа од оваа коалиција во ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова ќе ги посети општините Сопиште и Карпош.

осителот на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе ги посети општините Шуто Оризари, Сопиште  Бутел  и Карпош.

– носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе ја посети општините Македонска Каменица и Делчево

– носителот на ИЕ 4, Александар Николоски ќе ја посети општина Гевгелија

– носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска ќе оствари средба со учесниците на Маршот „Обновата победува“ во „Бејби Блу“, потоа ќе има средба  со граѓани во општина Брвеница.

Кандидатот за прв Албанец премиер, Насер Зибери, ќе ја претстави младинската
политика на ДУИ во паркот на  општина Чаир.

Кандидатите за пратеници од Коалицијата „Сега е Време” Алијанса и Алтернатива ќе одржат прес конференција во Визбегово.

Kарванот на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” со носителот на кандидатската листа за ИЕ бр 2. Јове Кекеновски и претседателот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев ќе одржат прес-конференција во Куманово.

Во Штип – Граѓанско Демократската Унија ќе одржи прес-конференција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.