Денеска мирен протест во Кисела Вода – „Стоп за бетонизацијата на Расадник“.

Во близина на седиштето на Општина Кисела Вода, на булеварот „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи мирен протест под слоганот „Стоп за бетонизацијата на Расадник“.

Протестот, кој се најавува дека ќе започне во 12:30 часот е во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.

Ваквата реакција доаѓа по новиот Детален урбанистички план Градска четврт Ј14 Расадник со кој се предвидува во Расадник да никнат 100 станбени згради со 8.000 жители.