Денеска нешто повеќе од 800 новозаразени

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека третиот бран на заразата стивнува со оглед на тоа што вчера се регистрирани околу 950 нови случаи, а денеска има нешто околу 890 новозаразени со Ковид-19.

-После оној еден мини пик во смисла на голем притисок на почеток на неделата, после тоа бројките се мали. Денеска и вкупниот број на новодијагностицирани повторно бележи пад под 900, некаде околу 890. За кратко време ќе излезат и официјалните информации, меѓутоа тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје така и ширум државатаизјави министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцинацијата засега оди добро, а сега се вакцинираат постарите граѓани.

– Во два часот денеска ќе се сретнеме со претставници на здравствените домови во шест града, за да договориме, ваква слична вакцинација (како во салата „Борис Трајковски“). Тоа се градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово – изјави Филипче.

Според него, дневно се вакцинираат по 1.500 граѓани, а штом стигнат дополнителни вакцини, бројот на дневно ниво ќе се зголеми.

– Досега не се фрлени вакцини, без оглед што има граѓани кои се пријавиле, а не дошле да се вакцинираат – вели Филипче.

– Нас во овој момент не ни треба нарачка не ни требаат дополнителни вакцини. Засега имаме нарачано 2,6 милиони вакцини – вели Филипче.

Сепак, тој се состанал со директорката на белградски Торлак, која му укажала на можноста од кај нив да се нарачаат вакцини, затоа што приоритет се земјите во регионот да се снабдат од оваа фабрика, која од вчера почна со производство на руските вакцини „спутник V“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.