12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Денеска нови 54 случаи откриени само во болницата Систина

Со зголемувањето на интензитетот на тестирањата со т.н. брзи тестови, се зголеми и бројот на позитивни резултати. „Аџибадем Систина“ позитивните ги препраќа во Институтот за јавно здравје, да се проверат со молекулани тестови, доколку сакаат, објави Плусинфо.

Денеска (1 април) во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни.

Претходно, за четири дена, од 28 до 31 март, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беа тестирани вкупно 485 луѓе, од кои 34 беа позитивни. Во првите четири дена само 20 отсто од тестираните биле со зголемена температура и со симптоми за инфекција.