Денеска ново задолжување од 24 милиони евра

Државата денес повторно ќе се задолжи. Владата предводена од Зоран Заев и Министерството за финансии со кое раководи Драган Тевдовски од СДСМ ги задолжуваат граѓаните за вртоглави суми на пари.

На официјалната страна на Министерството за финасии е закажано ново задолжување од речиси 24 милиони евра по основ на државни хартии од вредност.

Имено , на акуцијата се издаваат 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во вредност од 1.000.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во вредност од 475.000.000 денари или вкупно 23,9 милиони евра.

Владата за нецел месец ги задолжи граѓаните 597 милиони евра. 

откако претходно се задолжи дополнително по основа на државни хартии од вредност во износ од 73 милиони евра и издавање на еврообврзница која има вредност од пола милијарда евра. Така, вкупните задолжувања за само 22 дена од новата година изнесуваат скоро 597 милиони евра.

Новата влада на чело со СДСМ беше најголемиот критичар на задолжувањата пред да дојде на власт, но откако дојде на власт се задолжува со енормно темпо. Загрижувачки е фактот дека со оваа еврообврзница не се предвидени нови капитални инвестици освен оние од предходната власт на ВМРО- ДПМНЕ.

Експертите се загрижени дека Македонија се задолжува со забрзувачко темпо а притоа парите не се вложуваат во проекти кои се од стратешко значење на државата и имаат долгорочен позитивен ефект на целокупната економија. Тие сметаат дека Владата се однесува контрадикторно со изјавите кои ги даваше во време кога беше опозиција и сега кога е на власт.