Денеска облачно со засилен северен ветер

Времето во саботата наутро во Македонија е студено и ветровито, а преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини.

Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд.

Минималната температура се во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер. Понекаде во повисоките делови од регионот ќе има провејување на слаб снег. Минималната температура се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од недела повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.