Денеска облачно но топло, од сабота разведрување

Временската прогноза за Македонија предвидува за петокот променливо облачно време со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони.

Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе се засилува.

Времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи и дневни температури од 16 до 25 степени.

Во сабота времето ќе биде сончево, со мала умерена облачност во јужните делови и температури од 17 до 24 степени.