Денеска повторно студено, но со слаб ветер

Сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Во утринските часови ќе дува слаб до умерен северен ветер, но во текот на денот ќе го промени правецот во југоисточен и ќе биде со слаб интензитет.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.