Денеска пратениците ќе ги разгледуваат предлог-измените на Законот за основното образование

Собранието треба да продолжи со 43. седница на чиј дневен ред се предлог-измените на Законот за основното образование, како и годишните извештаи за 2020 година на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права.

Собранието вчера ја заврши расправата по неколку точки од 43. седница, меѓу кои четири предлог-закони од сферата на животната средина, сите во прво читање, како и предлог-законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, предложен од пратениците од Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Пратениците вчера во попладневниот дел од 43-тата седница расправаа и за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2020 година.