Во Собранието денеска продолжува 82-та седница со гласање по Предлог–законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита во прво читање, за кој пратениците вчеравечер ја исцрпија расправата.
На дневен ред на седницата се и предлог-измените и дополнувањата на законите за вработување и работа на странци, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за социјалната заштита, за агенциите за привремени вработувања, за јавните патишта, за градење, предлог-измените на законите за поштенските услуги и за заштита на сведоци (сите во прво читање), како и Информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратениците на опозициските партии во Собранието.