6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Денеска променливо облачно, стабилизирање од недела

Времето во четвртокот во Македонија ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

УВ индексот ќе има вредност 7.

Утринските температури се движат од 10 до 16 степени, а дневните од 18 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината денеска се очекува облачно време со можни врнежи, утринската температура ќе достигне до 14 а максималната дневвна се очекува да достигне 29 Целзиусови степени.

Во петок се очекуваат пообилни количества воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.