Денеска променливо време

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.

Дневната температура ќе се движи од 22 до 33 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе ќе се искачи до 30 степени. Во Маврово дневната температура ќе биде 22, Охрид 27, Битола и Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 32, Дојран 33.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.