Денеска протестен марш Скопје Прајд 2019

Протестниот марш Скопје Прајд ќе се одржи денескае од 12 до 13 часот. Целта е да се сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во нашата земја.

– Поради стигмата, неприфаќањето и насилството со кое ЛГБТИ заедницата секојдневно се соочува, вашето присуство ќе претставува највидливата и најсилната поддршка која може да ја дадете – велат организаторите.

Собирањето на граѓаните е од 11 до 11.45 часот во паркот „Жена борец“, од 12 до 13 часот е маршот до Градски парк, од 13 до 13.30 часот ќе има обраќања на активисти и претставници на граѓански организации и институции, а од 14 до 16.30 часот следува музичка програма.

За да се обезбеди непречен влез во предвидената рута, организаторите инсистираат да не се носат стаклени и остри предмети, пиротехника и балони. Таквите предмети ќе бидат одземени од обезбедувањето.