Денеска се одбележува Светскиот ден на водите

Светскиот ден на водите 22 март се одбележува под мотото „Вода и енергија“ со цел за укажување на рационално користење на водата во производството, на подобар пренос на енергијата и начини на кои водата може подобро да се искористи.

На сајтот www.unwater.org се наведува дека водата и енергијата се поврзани и зависни, имајќи предвид дека производството на енергија и нејзин пренос бараат користење на водени ресурси посебно за хидроелектарни.

Целта на обележување на тој датум годинава е да се укаже на фактот дека повеќе од една милијарда луѓе во светот немаат пристап до водата која е безбедна за пиење. Една од целите на Обединетоте нации е да спречи хуманитарна катастрофа поради неодстаток на вода, храна и енергетски услуги.