Денеска сончево, а од утре доаѓа циклонот Ален и носи невреме и снег

Под влијание на изразениот циклон Ален кој ќе пристигне во Македонија утре ќе услови значителна промена на временската состојба кај нас и големо дестабилизирање на атмосферата. Ќе има зголемување на облачност и утре доцна попладне и навечер од запад ќе започнат врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон недела и во недела ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат поинтензивни а исто така ќе започне да дува и јужен ветер кој повремено ќе засилува по интензитет, соопшти метеоророгот Славчо Поповски.

Локално се очекува и развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Веќе во понеделник доцна попладне и навечер кон вторник ќе започне да дува засилен ветер од северен правец со што од север ќе се спушти значително постуден воздух па така поради значителниот пад на температурите на воздухот на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег со што има услови да дојде и до формирање на нова снежна покривка. Локално се очекува позначително количество на воден талог (над 20 л.м2).

Инаку ширум регионот овој викенд се очекуваат доста интензивни врнежи кој локално ќе бидат проследени со грмежи а има услови и за град, се очекува да наврне и значително количество на воден талог со што има услови и за локални поплавување. Исто така поради студениот воздух на повисоките и планинските места повторно се очекуваат поинтензивни снежни врнежи и формирање на нова снежна покривка која понекаде на високите места може да достигне и над 20 сантиметри.