Денеска сончево и топло, од вторник заладување

Временската прогноза за денеска е сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 21, Маврово 14, Охрод 18, Битола 19. Кавадарци 21, Крива Паланка 19, Берово 17, Дојран 23 Целзиусови степени.

Кон крајот на денот од запад облачноста ќе се зголемува, а од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде пониска за 5 до 8 степени (од 7 до 18 степени).