Денеска сончево и многу топло, утре невреме со пороен дожд и град

Во четвртокот во Македонија времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8.

Утринските температури се движат од 10 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска сончево време со дневна температура од 33 степени.

За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. УВ=8

Во следните денови во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град.