Денеска сончево и ветровито, следува дожд и пад на температурите

Сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец ќе преовладува во средата во Македонија.

Утринските температури се движат од минус 5 до 1 степен, а дневните ќе се искачат од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со утринска температура -2 степена и дневна до 16 Целзиусови степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува сончево и релативно топло време и во следните два дена, а веќе од петок ќе се зголемува облачноста. За време на викендот ќе биде променливо облачно со пад на дневните температури. Ќе има услови за повремен локален дожд, а на планините ќе има снег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.