Денеска сончево и ветровито- утре дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.
Според прогнозата На УХМР, утре (понеделник), под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.
Кон крајот на денот утре и во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.
-Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.