Денеска топло, од утре дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движи од 15 до 32 степена.

Денеска ќе има извесно преодно стабилизирање на времето. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. До среда дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток ќе бидат во опаѓање.