Денеска во 11 часот ќе започне собраниската седница за Законот за ЈО

Денеска во 11 часот ќе се одржи нова собраниска седница за предлог-законот за Јавното обвинителство. Парламентот вчера ја започна расправата за овој закон, но беше прекината и презакажана за денеска.

Собранискиот спикер Талат Џафери истакна дека нема услови за одржување на седницата затоа што за збор во расправата се јавиле повеќе од 30 пратеници. Тој ги повика лидерите на политичките партии да одржат лидерска средба за да обезбедат мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.