Денеска за првпат се празнува денот на Свети Кирил Лешочки

Денеска за првпат се одржува првата црковна литургија по повод празникот Свети Кирил Лешочки, кој се одбележува од оваа година откако во октомври 2022 беше извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ кој беше прогласен за светец. Лани за време на канонизацијата 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки.
На 15 октомври 2022 се одржа Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, а следниот ден и Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј како процес за прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки.
Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница на 10 мај 2022 година го разгледа предлогот за канонизација. За новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба.
Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс.
Денеска во Лешочкиот манастир имаше пречек на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, по што започне Светата литургија во 8 часот и 40 минути по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил Лешочки.