Денеска завршува вториот оглас на Град Скопје за избор на приватни превозници

Денеска завршува вториот јавен повик  на Град Скопје за автобуските линии 9, 11 и 12. На првиот повик за линиите 20 и 22 не се пријави ниту еден приватен превозник.

Во меѓувреме Слобода превоз и Макекспрес ја очекуваат долгонајавуваната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

УЈП изготви извештај за работењето на јавниот превоз.

Граѓаните се револтирани поради доцнењето на превозот а Град Скопје уверува дека ЈСП ги надополнува линиите што ги покриваа приватните превозници.