Дени Илиев се сели од Арсенал во Словачка

Синоќа не отпатува со екипата на Арсенал на турнејата во САД, така стана јасно дека македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев ќе ги напушти редовите на лондонскиот прволигаш.

Нашиот репрезентативец наместо во САД се упатил во Словачка, каде следната сезона треба да настапува како позјамен играч на прволигашот Серед.

24-годишниот струмичанец долго време е дел од тимот на Арсенал, но досега не добил шанса за докажување во првиот тим, па можеби оваа позајмица е најдобриот потег за неговиот развиток во кариерата.

Илиев во редовите на Серед се пресели на барање на тренерот на словачкиот прволигаш, Македонецот, Славчо Војнески, кој пред извесен период беше претставен за предводник на тимот.

Струмичанецот со овој премин во Словачка конечно ќе ја добие потребната минутажа која доколку максимално ја искористи ќе може да конкурира за првото голманско место во нашата репрезентацијата.