Денис Родман на лекување од алкохолизам

Поранешната кошаркарска ѕвезда, Денис Родман, кој е соочен со низа критики поради честите посети на Северна Кореја, е примен на клиника за лечење од алкохолизам, јавуваат американските медиуми.

Педесет и двегодишниот Родман го започна лечењето во средата и не се знае колку долго ќе остане таму, а не е објавено ниту името на клиниката.

Родман, последниот пат откако се врати од Северна Кореја, се извинил поради изјавите дека Американецот кој се наоѓа во севернокорејски затвор, самиот е виновен за својата судбина. Родман рекол дека таа изјава ја дал додека бил под дејство на алкохол.

Тој при посетата на Северна Кореја заедно со своите поранешни играчи од НБА, ја отпеал песната „Среќен роденден“ на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, пред спортската арена полна со луѓе.