Денот кога светот прв пат слушна за чудовиштето од Лох Нес

Пред 85 година, на 21. април 1934. година, во британските медиуми е објавена првата фотографија од наводното чудовиште од шкотското езеро Лох Нес, симпатичниот монструм Неси, кои се изучува низ легендите.

Првата фотографија ја направил гинекологот Роберт Вилсон и е објавена во „Дејли Мејл“. Тоа е најпознатата слика од Неси, која и понатаму се користи за маркетиншки цели. Црно белата фотографија го прикажува чудовиштето со долг и тенок врат како излегува од езерото.

Поточно, првата, но матна фотографија е направена на 6. декември 1933. година. Оваа фотографија исто била објавена во „Дејли Мејл“ , но на крајот се утврдило дека станува збор за куче кое тресе гранка.

Меѓутоа, фотографијата на Вилсон веќе со децении успева да убеди милиони граѓани дека во Лох Нес навистина живее такво чудовиште. Дури во 1975. година „тажната вистина“ излегла на виделина – во прашање била детска слика од подморница чиј врв изгледал како глава на некое чудовиште, но многумина и понатаму не веруваат во тоа.

Кружеле гласини дека станува збор за змеј или некое праисториско животно, дури и шкотските власти во еден момент и наредиле на полицијата да патролира околу езерото за да жителите и туристите не бидат вознемирени од „питомото и симпатично“чудовиште.

Некои светски медиуми шеговито навеле дека Шкотите навистина веруваат  во постоењето на чудовиштето Неси по неколку чашки од нивното прочуено виски. Неси на крајот, со некое виски, стана вистински „амбасадор“ на шкотскиот туризам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.