Денот на посетата на папата Франциск сепак ќе биде работен

7-ми мај останува работен ден, одлучи Владата на денешната седница, а по повод пристигнувањето на Папата Франциск во Скопје и заради безбедноста.

Безбедноста ќе биде на високо ниво и мора да се исполнат протоколите на Ватикан на сите нивоа на целосна контрола на движењето на луѓето каде ќе биде посетата.

Во вакви ситуации постоеше можност дури и здравствените установи да работат само за итни ситуации.

Посетата на папата Франциск во Скопје ќе трае 10 часа.