„Денови на медот“ во Скопје – може да се дегустира и купи мед и пчелини производи

Дегустација на мед и можност да се купи мед и различни видови на пчелини производи на традиционалната манифестација „Денови на медот“. Манифестацијата  се одржува на улица Македонија во центарот на Скопје, а учествуваат пчелари од цела земја.

Традиционално во „Деновите на медот“ посетителите ќе можат и да побараат совети од домашните пчелари за употребата и лековитите дејства на медот и производите кои секоја година се нудат на овој вид саем на медот.

Манифестацијата се одржува 17 години, во организација на пчеларското здружение „Матица“.

Во земјава има околу 6.000 пчелари со околу 230.000 пчелни семејства. Најголемиот број пчелари се занимаваат со пчеларство од хоби, а само 10 до 15 отсто се професионални.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.