Деновите на доживотно учење: Образованието на возрасните и пазарот на труд

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска во 11 часот во Домот на АРМ, ќе се обрати на конференцијата „Образованието на возрасните и пазарот на трудот“, како дел од манифестацијата „Денови на доживотно учење во Република Македонија“ која се одржува по 10-ти пат, во организација на Центарот за образование на возрасни, со поддршка на канцеларијата на ДВВ Интернационал во Скопје.