Денс студиото „Еурека“ со седум први места на два меѓународни натпревари

Танчарките од денс студиото „Еурека“, изминатиов период беа дел од два меѓународни натпревари – во Нови Сад и во Банско на коишто освоија седум први места.

Од 16-ти до 18-ти ноември, 60 членови од „Еурека“ беа дел од ,,Денс фест“ во  Нови Сад кој оваа година го славеше својот јубилеј од 10 години.
Натпреварот се одвиваше три дена, а членовите од „Еурека“ пријавија вкупно шест категории.

Во силна конкуренција од 4000 учесници и вкупно 700 кореографии од 35 земји, освоија две први места, три трети и едно четврто место.

 

Од 30-ти ноември до 4-ти декември, пак,  40 членови од ова денс студио отпатуваа во Банско, Р.Бугарија. Натпреварот се одвиваше исто  три дена и се натпреваруваа околу 1700 учесници. Членовите од „Еурека“ пријавија 11 кореографии и  освоија: пет први места, три втори места и две трети места.

 

 

Натпреварите се огромно искуство за децата, преку кои тие ја јакнат самодовербата и заедно со инструкторите можат да ја споредат работата со групите од Европа и пошироко.Задоволни од резултатите продолжуваме да работиме кон нови успеси, вели Катерина Јолакоска, менаџер во „Еурека“.

За кореографиите и големиот успех на овие два престижни натпревари се погрижија: Јана Андрејевиќ Лазарова, Теодора Јолакоска, Иван Ангелкоски и Тамара Богатиновска.