Денвер не избегна пораз од Индијана

На единствениот натпревар од НБА лигата одигран ноќта меѓу недела и понеделник, Индијана пејсерс забележа победа на гостувањето кај Денвер нагетс со 115:107.

Клучна за победата на гостите беше последната четвртина која Индијана ја доби со 41:26.

Уште еден извонреден меч во тимот на Денвер одигра Србинот Никола Јокиќ кој имаше дабл-дабл ефект со 30 поени и 10 скока.

Во победничката екипа со по 22 поена најефикасни беа Ти Џеј Ворен и Доматас Сабонис.

Деневер по 42 натпревара има биланс 29-13 (победи-порази), додека Индијана е со ефект 28-15