Денвер се избори за седмиот натпревар

Кошаркарите на Денвер Нагетст изминатата ноќ славеа со 119:107 над Јута Џез со што го избориот решавачкиот седми натпревар во серијата до четири победи во првиот круг од доигрувањето во НБА лигата.

Нагетс до победата ги водеше Џамал Мареј со 50 поени, 6 асистенции и 5 скокови. Ова е за него трет меч по ред во кој постигнува по повеќе од 40 коша. Никола Јокиќ додаде 22 коша и 9 аистенции, а Џереми Гран додаде 18 коша.

Кај Јута најдобар беше Донован Мичел кој мечот го заврши со 44 поени, додека Мичел Конли додаде 21 кош.

Седмиот решавачки натпревар се игра ноќта кон среда.

Во претходно одиграните мечеви Лос Анџелес Клиперс се пласираа во конференциското полуфинале, совалдувајќи ги Далас Маверикс со 111:97 во шестиот меч од првиот круг на плеј-офот. Во полуфиналето на Западната конференција Клиперс ќе се соочат со подобриот од серијата меѓу Јута и Денвер.

Во првиот меч од неделната програма во Орландо, Бостон Селтикс со убедливи 112:94 ги надиграа актуелните НБА шампиони Торонто Рапторс и поведоа со 1:0 во полифуналната сериоја од доигрувањето во Источната конференција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.