Депонијата во Ѓорче Петров станува конкуренција на Дрисла

Депонијата во Ново Село. Може да биде конкуренција и на градската депонија Дрисла бидејќи ѓубре, мрша, шут и кабаст отпад има може и со стотици тони.
Често овој отпад се пали и се шири неподнослива реа која се шири накај Волково, Даме Груев, Ново Село, Кисела Јабука и долж Лепенец се до Карпош.
Ради тешко пристапниот терен противпожарните возила не можат да пристапат до жариштата на пожарите и граѓаните се осудени на неколкудневен пекол од чадот кој што се шири.
Зошто ништо никој не превзема за ова да се спречи ?
Градоначалниците и надлежните молчат и се молат сончевото време да потрае уште малку за да куртулат од критиките.
Еден облачен ден е доволен за сиот овој чад да остане под облаците и повторно мерните станици да рушат рекорди на загаденост.
Загрижени читатели ни испратија фотографии дека возилата на општината Ѓорче Петров, како некој што е надлежен да се грижи за ова, наместо да го чистат и средуваат овој хаос и тие истураат тука шут и ѓубре.
Здравјето на граѓаните е пред се, ама не за секого.
Да беше ова земјиште атрактивно за згради и деловни објекти оваа депонија веднаш ќе беше одстранета.
Па еве, само да се спасиме, го даваме и тој предлог, веќе Ви е интересен, нели надлежни ?, стои во реакцијата на фејзбук страницата Ѓорче Петров.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.