Дербито Еурофарм Пелистер – Вардар ќе го судат најдобрите судии

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, го добија да го судат второто најголемо македонско дерби оваа сезона меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кое ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Битола е на нозе, затоа што го чека најголемиот ривал во позитивна атмосфера, додека кај Вардар ситуацијата не е сјајна поради тренерската смена на Веселин Вујовиќ и резултатската криза во Лигата на шампионитге.

Еурофарм Пелистер со победа ќе направи голем чекор напред кон титулата, па се подготвува пеколна атмосфера за двократниот европски првак.

Натпреварот очекувано го добија Начевски и Николов, судии со најголемо искуство, кои не потпаѓаат под никаков притисок.

Делегат на натпреварот ќе биде Душко Камишевски од Скопје, додека за контролор е назначен искусниот Камер Металари, исто така од Скопје.

Дуелот меѓу пелистерци и вардарци се игра в среда од 18:00 часот.