Дербито меѓу Лил и ПСЖ без погодоци

Во дербито од 16-то коло од француското фудбалско првенство водечкиот Лил и актуелниот првак Пари Сен Жермен одиграа без голови.

Освен во огромниот посед на топката во полза на гистите од Париз, натпреварот беше целосно израмнет во сите други важни параметри на фудбалската лига, и се доби впечаток дека двата стратега се одлучија да не ризикуваат премногу настојувајќи да ја погодота противничката мрежа.

Со бодот Лил ја задржа лидерската позиција на табелата со 33 бодови, колку што има и вторпласираниот Лион, а ПСЖ е трет со бод помалку. Марсеј е четвртопласиран со 28 бодови.

И петтиот Рен има 28 бодови, а до нив во неделата дојде со погодоците на Дамиен Де Силва во 23, Бенжамин Бурижо во 70 и Мартен Терие во 76 минута во госинскта победа над Лориен кој остана претпоследен 19-ти со 11 бодови.