Дербито на Јунајтед и Арсенал без победник, пораз на Челзи

Во големото дерби од 15-то коло на англиското фудбалско првенство Манчестер Јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ одиграа 2:2, а за изненадувањето на колото се погрижи Вулверхменптон кој го победи Челзи со 2:1.

Арсенал двапати беше во водство, но Јунајтед и во двата случаи брзо се враќаше. Првиот пат израмни по четири минути, а вториот пат по само 13 секунди.

Арсенал поведе во 26 минута по големата грешка на Дваид де Хеа. Мустафи шутираше со глава, шпанскиот голман ја испушти топката од рацете и заврши во мрежата. Израмни во 30 минута Мартиал. „Топчиите“ поведоа повторно во 68 минута преку Лаказет, но само 13 секунди подоцна израмни Лингард. Во 71 минута Обамејанг можеше повторно да го донесе во водство Арсенал, кога иби сам пред де Хеа, но овој се извади за големата грешка.

Ливерпул на гостувањето го совлада Барнли со 3:1, продолжувајќи го ловот по водечкиот Манчестер Сити, а сите голови беа постигнати во второто полувреме. Домашните поведоа во 54 минута преку Корк, но „Редсите“ потоа направија пресврт, а стрелци беа Милнер во 62, Роберто Фирмињо во 69 и Шаќири во првата минута од судиското продолжение,

Челзи како гостин и фаворит водеше до 60 минута кај Вулверхемптон, откако поведе со голот на Лофтус-Чик во 19 минута. Но домашните за само четири минути успеаја да направат целосен пресврт. Израмни Хименез во 60 минута, а три минути подоцна Диого Јота биепше за 2:1. Во продолжението гостите од Лондон целосно доминираа, но не успеаја да израмнат.

Фулам и Лестер, како и Евертон и Њукасл Јунајетд играа 1:1, а Тотенхем го победи Саутемптон со 3:1.

На табелата води Манчестер Сити со 41 бод, Ливерпул го следи со два бода помалку, Тотенхем сега е трет со 33 бодови, а потоа следат Челзи и Арсенал со по 31 бод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.