Дербито на Лил и Лион без победник, Монако за три минути го реши Бордо

Во дербито од деветтото коло на француското фудбалско првенство Лил и Лион одиграа без победник 1:1.

Домашните поведоа во 23 минута со голот на Жонатан Бама, а израмни Мехмет Зеки Челик кој во 41 минута ја погоди сопствената мрежа. Лион од 50 минута играше со играч помалку, откако поради два жолти картона беше исклучен Марсело.

Лил остана на втората позиција на табелата со 19 бодови, два помалку од водечкиот ПСЖ и еден повеќе од третопласираниот Рен, а два повеќе од четвртата Ница. Лион, пак, остана во трката за висок пласман и како шести ја води групата екипи со по 14 бодови.

Во прерходно одиграниот дуел Монако ја прекина серијата од лоши резултати и со 4:0 го совлада Бордо, со што ја забележа првата победа во последните четири кола, односно втората во последните седум првенствени натправари.

Тимот од Кнежевството ја заврши работата во интервал од три минути Висам Бен Једер реализираше пенал во 28 минута, во 30 минута Гелсон Маринс зголеми на 2:0, а Кевини Воланд веќе во следниот напад ја погоди мрежата на гостите. Воланд беше прецизен и во 58 минута за конечните 4:0.

Монако сега е осми на табелата со 14 бодови, а Бордо остана на 12 бодови со кои е на 12-то место.

Монпелје со погодокот на Стефи Мавидиди во 14 минута славеше на гости кај Сен Етјен. Монпелје сега е на 9-то место и е последен во низата тимови со по 14 бодови, а Сен Етјен остана на 10 бодови освоени со трите победи на стартот од сезоната, но по серијата лоши резултат падна веќе на 13-та позиција.

Гистинска побеа од 3:0 оствари и Ница кај Анже, со головите кои ги постигнаа Рони Лопез во 12, Пјер Лес-Мелуи во 23 од пенал и Хишам Будауи во 77 минута. Ница е четврта со 17 бодови, а Анже е 11-ти со 13 бодови.

Ремс и Стразбур конечниот резултат го постигнаа за осим минути кон средината на првиот дел, а победија домашните. Во 22 минута сопствената мрежа ја начна Бингуру Камара, а во 26 минута водството на Ремс го удвои Вут Фае. Во 30 минута од пенал намали Лудовиј Ажорке, но тука резултатски и заврши натпреварот.

Ремс е 15-ти со осум бодови, а Стразбур е претпоследен 19-ти со шест бодови.

Мец иако цело полувремено играше со играч помалку, откако во 44 минута беше исклучен Матје Удол со раниот погодок на Мамаду Ламине Гуеје во 15 минута успеа да оствари гостинска победа кај Нимс .

Мец е седми на табелата со 14 бодовои, а Нимс е 18-ти со осум бодови.

Во дербито на дното на табелата Дижон и Лориен одиграа без голово. Дижон е „фенерџија“ со три бода без ниедна победа, а Лориен е 16-ти со осум бодови.