Дербито во Лондон без победник, победи и на Сити, Тотенхем и Арсенал а Јунајтед го изедначи антирекордот

Во дерби натпреварот од англиската Премиер лига, во Лондон Челзи и Ливерпул одиграа 1:1, така што „редсите“ го загубија епитетот на екипа со максимален ефект.

Челзи поведе со голот на Еден Азар во 25 минута, откако беше одлилчно проигран од засилувањето кое летово дојде од мадридски Реал, Матеао Ковачиќ. Сепак, Ливерпул докажа дека годинава не попусто го вбројуваат во најсериозните кандидати за титулата и настојувањата на неговите фудбалери резултираа во 89 минута кога прекрасен погодок постигна Даниел Стариџ.

Актуелниот шампион Манчестер Сити на домашен терен го победи Брајтон енд Хоув Албион со лесни 2:0. Головите ги постигнаа Рахим Стерлинг во 29 и Серхио Агуеро во 65 минута.

Најдобриот стрелец на Тотенхем, Хари Кејн беше двоен стрелец за својот тим, во 25 и 34 минута од пенал, во победата на гостински терен против Хадерсфилд.

Арсенал, пак, дури во последните дест минути од мечот го скрши отпорот на Вотфорд. Стерлци беа Грег Кетхард кој си постигна автогол во 81 минута, а две минути подоцна Месут Езил го удвои водството.

Вет Хем Јунајтед на „Олимпискиот стадион“ во Лондон со 3:1 (2:0) го совлада Манчестер Јунајтед во првиот меч од седмото коло на англиското првенство. За втората првенствена победа во последните три кола на „чеканите“ стрецли беа Андерсотн во 5, Линделоф ја погои сопствената режава во 43 и Арнаутовиќ во 74 минута со кој спреч можен пресврт откако Рашфорд во 71 минута беше стрелец за „црвените ѓаволи“.

Со овој резултат Манечестер Јунајтед го израмни својот најлош старт во Премиер лигата и по седум кола има само десет бодови. Истото се случи и во сезоната 2013/2014. Жозе Мурињо се жалеше на судијата, велејќи дека првиот гол на Вест Хем е постигнат од офсајд, а дека кај третиот погодок на домаќинот имало прекршок над одбренбен играч на Јунајтед.

Евертон пред своите гледачи беше сигурен со двата погодока на Сигурдсон, во 56 и 89 минута, и на Тосун во 66 минута против Фулам.

Њукасл продолжи со поразите на домашен терен. Овојпат од „свраките“ подобри беа Лестер со головите на Варди во 30 минута од пенал и на Мегваер во 73 минута.

Вулверхемпто со истиот резултат 2:0, пак, дома го победи Саутемптон. Стрелци беа иван Кабавеиро во 79 и Кастро 87 минута.

Водството на табелата го презема Манчестер Сити кој е бодовно израмнет со Ливепрул со 19 бодови, но има подобра гол-разлика. Челзи заостанува на третата позиција за два бода, додека следат Тотенхем и Арсенал со по 15 бодови.

https://www.youtube.com/watch?v=deWGFJZ8ql8