Дербито во Марсеј без победник

Во дербито од 27-то коло на француското фудбалско првенство Марсеј и Лион одиграа без победник со по еден постигнат погодок.

Гостите поведоа во 21 минута со голот на Карл Токо Екембе, а израмни за домашните Аркадиуш Милик во 44 минута. Лион од 71 минута играше со играч помалку откако беше исклучен Лукас Палета, но домашните не успеаја да ја искористат предноста.

Ова за Лион беше 12-то последователно гостување во француското првенство во кој не доживеа пораз, додека Марсеј и натаму е во криза со само една победа во последните десет кола.

 

Со идентитечен резултат заврши и мечот меѓу водечкиот Лил и Стразбур. Лил испушти два бодат и така ја испушти шансата да му побеген на акатуелниот шампион ПСЖ на четири бодови предност. Гостите поведоа во 36 минута преку Лудовил Ажорке, а израмни Хозе Фронте на четири минути пред крајот на мечот.

 

Монако со 2:0 славеше над Брест продолжувајќи ја серијата без пораз на 11 натпревари во кој оствари девет победи. Фаворитот дури во последните петнаесетина минути успеа да ја прибие одбраната на гостите, а стрелци беа Стеван Јоветиќ во 76 и Кевин Воланд во 90 минута. Монако можеше и порано да го открие резултато, но Висам Бен Једер во 30 минута не реализираше пенал.

 

Анжер и Ленс одиграа 2:2. Домашните во првите десет минути дојдоа во убедливо водство со погодоците на Лу Диони во 5 и Тома Мангани во 10 минута од пенал, а гостите прво израмнија во 22 минута преку Жонатан Клаус а до бодот дојдоа со погодокот на Арно Ламиуендо во втората минута од судиското продолжение на мечот.

 

На табелата води Лил со 59 бодови, додека ПСЖ има два бода помалку. Следат Лион со 56, Монако со 55, а Марсеј е седми со 39 бодови.